Mашката младинска селекција на Македонија е поразена од Шведска во дуел од „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 20 години, што се одржува во Тбилиси, Грузија.
Избраниците на селекторот Василев во натпревар од 2.коло од Б групата загубија од Шведска со 92-90. Иако на крајот беше само два разлика, сепак од самиот почеток „Викинзите“ ја имаа контролата над резултатот, а победата ја најавија уште по првата четвртина која ја добија со 14 поени разлика. Таквата предност Швеѓаните знаеја како да ја сочуваат до самиот крај и заслужено да ја забележат својата втора победа на првенството.
„Црвено-жолтите“ утре од 12.30 часот ќе играат против селекцијата на Косово, по што ќе имаат двата слободни дена, за во последното коло, закажано за во среда, да се судрат со домашната селекција на Грузија.
За потсетување, само двете првопласирани репрезентации од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, а трите најдобри селекции од ова првенство ќе се изборат за настап во по елитната А дивизија следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА