Шведска имаше добиен меч во полуфиналето против Франција, но „триколорите“ постигнаа погодок буквално во последната секунда кога Пранди од десетина метри го изненади Паличка.
Швеѓаните по мечот ја повторуваат снимката од тој погодок, жалејќи се дека македонските судии требале да го поништат голот бидејќи Пранди најпрвин со десната нога си го зголемува аголот, а потоа пред шутот ја крева во воздух и левата нога.
„Неверојатно. Никаква реакција од судиите, очигледно прекршување на правилата“, пишуваат шведските медиуми крај снимката од голот.
Погледнете ја самите оваа ситуација со „зум“ на нозете на Пранди и проценете дали македонските судии ја донеле вистинската одлука…
Incredible!
No action from the referees, clear violation. https://t.co/Inaj2pAoBI
— Handbollskanalen (@HBkanalen) January 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА