Швеѓанката Хектор најбрза на велеслаломот во Шпиндлерув Млин

Актуелната олимписка шампионка во велеслалом Сара Хектор триумфираше на денешната трка во чешкиот ски-центар Шпиндлерув Млин како дел од Светскиот куп во алпско скијање.

Швеѓанката до победата стигна со вкупно време од 2:23.86 минути што беше за 18 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Американка, Пола Молцан. Подиумот го надполни лидерката во Светскиот куп, Микаела Шифрин за која ова е прв подиум сезонава во велеслалом.

Најдобрата пак во оваа конкуренција, Австријката, Јулија Шајб не ја заврши втората трка.

Се вчитува...