Шведската скијачка Сара Хектор стигна до убедлив триумф на велеслаломската трка од сезоната во Светскиот куп која денеска се возеше во словенечка Крањска Гора.
Швеѓанката до победата стигна со вкупно време од 1:54.86 минута, што беше за 1.42 секунда подобро од второпласираната Лара Колтури која испиша нова историја за алпското скијање во Албанија.
Подиумот го надополни Алисон Робинсон од Нов Зеланд со заостанување од 1.52 секунда зад времето на победничката. Утре во Крањска Гора ќе се вози слаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА