Швеѓанката Фрида Карлсон ја освои титулата олимписки шампион во крос-кантри скијање во скијатлонот на 20 километри на Олимписките игри во северот на Италија.
Во трка во која скијачките ги истрчаа првите 10 километри во класичен стил, а вторите 10 километри во слободен стил, Карлсон направи клучен потег кон крајот на првата делница кога таа и нејзината сонародничка Еба Андерсон се одвоија од конкуренцијата. Двете Швеѓанки многу брзо добија предност од повеќе од 30 секунди во споредба со најблиските следбенички, а веќе осум километри пред целта, беше јасно дека ќе го освојат златото и среброто.
Потоа Карлсон се одвои од Андерсон и стигна до целта со предност од 51 секунда. Норвешката ветеранка Хајди Венг (34) го освои бронзениот медал со 1:26,7 минути заостанување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

