Шверцери бесни на играчите на Шкупи: Срамота, станавте за потсмев, од клуб што некогаш значеше стравопочит

Навивачката група „Шверцери“ преку соопштение реагираше на слабите игри и резултати на својот клуб Шкупи, не криејќи го разочарувањето што прволигашот од Чаир е без триумф на последните десет прволигашки средби.

Шкупи нема никакви шанси за излез во фудбалска Европа, а за „Шверцери“ нема дилема дека вината треба да се бара кај фудбалерите…

„Од 1989 година па се до денес, секогаш сме биле блиску до клубот, бевме неговото срце, без резерва, туку со душа и срце. Ние сме оние кои го бранеа овој дрес повеќе од било кој друг. Ние сме гордоста!

Но, денес, ние сме разочарани и згрозени што му се случува на клубот. Десет меча по ред немате душа, немате срце, немате борба. Не не заслужувате. Овој дрес бил натопен со крв и пот од луѓе кои гинеле за боите на клубот, секоја недела, за разлика од вас кои сте за срамота.

Срамота! Станавте за потсмев јавно, во сенка на клубот кој некогаш инпирираше стравопочит. Целата одговорност за ова е кај некомпетентни тренери и играчи кои немаат ниту гордост, ниту одговорност. Заради овие причини, нема да навиваме на мечот против Тиквеш.

Доволно е. Шкупи му припаѓа на народот, а не на медиокритети кои го уништуваат“, стои во соопштението.

Се вчитува...