Тензична е атмосферата во таборот на Шкупи откако навивачите на овој клуб, навивачката група „Шверцери“ го прекина последниот тренинг на фудбалерите.
Причина – незадоволството на фановите од функционирањето на клубот и односот на новата управа, која според нив не покажала респект кон „Шверцери“.
„Денеска ‘Шверцери’ го прекинаа тренингот на Шкупи. Причината? Неискреност и постојани измами од раководството. Празни ветувања, одложени состаноци и недостиг на респект кон оние ја одржуваат навивачката група. Ние не сме гледачи, ние сме вистинскиот глас на Шкупи. Нема фудбал без респект кон навивачите. Додека нема искреност и транспарентност, ништо нема да биде нормално. Не го тестирајте нашето трпение бидејќи историјата покажува кој одлучува во овој град. Шкупи им припаѓа на скопјани, а не на измамниците“, се вели во соопштението на „Шверецери“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

