Шверцери: Бугарските кукавици не ни дозволија гостувањe, па вечерва да ги испратиме нашите херои во Софија

По меѓусебните средби на претставниците на УЕФА со бугарските власти и двата клуба беше донесена одлука да не се дозволи гостување на „Шверцерите“ во Софија на реванш дуелот од Конференциската лига меѓу Левски и Шкупи како би се избегнале несакани инциденти.

На сето тоа сериозен револт истакнаа најверните навивачи на Шкупи кои не се задоволни од таквата одлука ако се знае дека претходно им беше дозволено гостување на навивачите на Левски во Скопје.

Па, „Шверцери“ денеска повикаа на собир во 19 часот на стадионот во Чаир како помпезно би се испратиле фудбалерите кои заминуваат за Софија на реванш дуелот.

„Со оглед на тоа што бугарските кукавици не ни дозволија гостување во Софија, ајде денеска од 19 часот да ги испратиме нашите херои на најдобар можен начин пред овој голем натпревар за нас. Сите на трибина за Шкупи“ – се вели во краткото соопштение на „Шверцерите“.

Се вчитува...