Најверните навивачи на Шкупи попладнево приредија „фешта“ низ главниот град во очекување на натпреварот на чаирчани против софиски Левски во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.
Повеќе од загреани се најверните навивачи на Шкупи за поддршка на своите миленици на патот кон триумф против еден од најдобрите бугарски клубови.
Навивачката парада од Чаир кон националната арена „Тодор Проески“ е најава за атмосферата која се очекува вечерва на нашиот најголем стадион како поддршка за фудбалерите на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА