Швијонтек ја преслуша Сакари за титула во Индијан Велс

Ига Швијонтек потврди дека е најдобра тенисерка на денешницата откако без многу мака стигна до трофејот на силниот турнир во Индијан Велс, во финалето декласирајќи ја Марија Сакари со 6-4, 6-0.

Швијонтек стигна до пехар без ниту еден загубен сет, со неверојатни 19 загубени гејма во текот на целиот турнир, најмалку што еден шампион има загубено во Индијан Велс во последните 25 години.

Полската тенисерка го отвори мечот со рано водство од 3-0, Сакари успеа да израмни на 3-3, но првата носителка направи брејк пред крајот на сетот и славеше со 6-4. Тоа беше само најава за апсолутната доминација во вториот сет што Швијонтек го доби со максимални 6-0, во голем стил стигнувајќи до својата 20. титула во кариерата.

Се вчитува...