Поројните дождови во Париз придонесоа да бидат откажани сите мечеви на отворените терени на Ролан Гарос, но затоа еден од дуелите на главните арени во „градот на светлината“ донесе и огромна борба, откако Ига Швијонтек се спаси од работ на амбисот во пресметката со Наоми Осака. Најдобрата светска тенисерка во решавачкиот сет губеше со 5-2, но успеа да се врати и со голем пресврт стигна до огромна победа.
Првиот сет мина во израмнета битка во која и двете тенисерки направија по еден брејк, за во тајбрејкот Швијонтек да доминира и да слави со 7-1. Тоа беше аларм за будење на Осака, која го доби вториот сет со убедливи 6-1, а потоа во третиот стигна до предност од 4-1. Супердраматично беше во деветтиот гејм, кога Осака при 5-3 не искористи меч-топка, по што Швијонтек стигна до брејк намалувајќи на 5-4. Фаворитката се врати во ритам, па успеа да израмни на 5-5, а потоа по голем борба и нов брејк поведе со 5-6. Отпорот на Јапонката беше скршен, па ШВијонтек го доби и следниот гејм и се пласираше во третата рунда.
Во вториот меч од женскиот турнир на попладневната програма, Коко Гауф славеше со 2-0 во сетови над Словенката Тамара Жиданшек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА