Швијонтек се врати од „амбисот“, Алкараз загуби сет

Првата носителка Ига Швијонтек потешко од очекувањата се пласираше во третото коло од Австралија Опен, совладувајќи ја Американката Колинс со 2-1 во сетови. Американката одлично почна и поведе со 1-3, но Швијонтек се разбуди го доби првиот сет со 6-4, пред Колинс изненадувачки возврати славејќи со 3-6 во вториот.

Супердраматичен беше третиот сет во кој Колинс имаше водство од 1-4, но полската тенисерка тогаш заигра како што и доликува на првата носителка, освои пет гејма во низа и го доби мечот со конечни 6-4.

Првиот сет на овогодинешното издание на Австралија Опен го загуби и Карлос Алкараз, кој славеше со 3-1 во пресметката со Италијанецот Саного. Шпанскиот ас поведе со 1-0, но Саного во тајбрејк во вториот сет успеа да израмни на 1-1. Алкараз беше подобар ривал на теренот, па заслужено се пласираше во следната рунда, добивајќи го најпрвин третиот сет со 6-3, а потоа и тајбрејкот во четвртиот со 7-3.

Каспер Руд во неизвесен дуел триумфираше со 3-2 во дуелот со Австралиецот Пурсел, и тоа со тајбрејк во решавачкиот сет (10-7). Во идентична ситуација се најде и Зверев, кој се врати од негатива од 1-2 и на крајот славеше со 3-2 над Клајн од Словачка , со триумф од 107 во тајбрејкот од петтиот сет.

Кецмановиќ по голема битка славеше над Германецот Штруф со 3-2 во сетови, додека на женскиот дел од турнирот елиминирана беше петтата носителка Пегула, која загуби со 0-2 во сетови од Бурел од Франција.

Се вчитува...