Ига Швијонтек стигна до јубилајната 25. ВТА титула во кариерата откако полската тенисерка се закити со трофејот на своето прво учество на „Кореа Опен“ што се одржува во Сеул.
Швијонтек во фиалето се соочи со сериозен предизвик против Александрова, откако почна катастрофалон и дозволи противничката да поведе со 1-6 во првиот сет. Вториот сет мина во израмнета борба што Швијонтек ја доби во тајбрејкот, а потоа Александрова подобро го отвори третиот сет поведувајќи со 1-3. Сепак, полската тенисерка собра сили за камбек, добивајќи го решавачкиот сет со 7-5, славејќи во едно од најдолгите финалиња во нејзината кариера, ако се знае дека двете тенисерки на теренот минаа два часа и 43 минути.
Ова е само трет освоен трофеј на Швијонтек во 2025 година откако полската тенисерка претходно успеа да триумфира на Вимблдон и во Синсинати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

