Швјонтек без никакви проблеми до второто коло на Вимблдон

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек без никакви проблеми се пласираше во втората рунда натпревари на Вимблдон.

Полската тенисерка не се задржа долго на терен, за само 81 минута славеше против 34-та во светот, Лин Жу од Кина со 6-1 и 6-3.

Во следното коло Швјонтек ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Мартина Тревизан и Сара Сорибес Тормо.

Се вчитува...