Швјонтек без проблеми до 1/4 финале во Париз

Патот до златото на Ига Швјонтек на Олимписките игри во Париз продолжи успешно, откако најдобрата тенисерка во монментов лесно со 2-0 во сетови ја совлада кинеската тенисерка Ванг.

Во првиот сет беше 6-3 за полската тенисерка, а вториот сет го доби со 6-4, со брејк во последниот гем, и така запиша нов триумф на женскиот тениски турнир во Париз.

Во 1/4 финалето Швјонтек ќе игра со американската тенисерка Даниеле Колинс.

Се вчитува...