Швјонтек е детронизирана: Сабаленка прва финалистка на Ролан Гарос

По освојувањето на три титули во низа, Ига Швјонтек конечно доживеа пораз на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Полјачката тенисерка во првото полуфинале кое беше неверојатно во првите два сета и рутинско во последниот загуби од најдобрата во моментов на ВТА листата, Арина Сабаленка од Белорусија со 2-1, по сетов 7-6, 4-6 и 6-0.

Белорусинката во финалето ја чека подобрата од дуелот меѓу Американката, Кори Гоф и домашната сензација Лои Бојсон.

Се вчитува...