Една од најдобрите тенисерки на денешницата Ига Швјонтек на експресен начин се пласираше во четвртфиналето на ВТА мастер турнирот од серијата 1000 кој се игра во американскиот град, Индијан Велс.
Полјачката во осминафиналето славеше со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-0 против чешката тенисерка Каролина Мујова. Швјонтек во првиот сет и дозволи само два гема на противничката, додека во вториот ја остави на нула за ситурен триумф.
Во четвртфиналето Швјонтек за противничка ќе ја има подората од дуелот меѓу Елина Свитолина од Украина и Катерина Синиакова од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

