Швјонтек фуриозно до осминафинале во Индијан Велс

Една од најдборите тенисерки на денешницата, Полјачката, Ига Швјонтек на фуриозен начин се пласираше во осминафиналето на ВТА турнирот од мастерс серијата 1000 кој се игра во Индијан Велс.

Полјачката во 1/16 финалето и дозволи на Украинката, Дајана Јастремска само два гема совладувајќи ја со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-2.

Во осминафиналето Швјонтек за противник ќе ја има подобрата од чешкото дерби во кое се среќаваат Катарина Синакова и Каролина Мухова.

Се вчитува...