Швјонтек и Азаренка без проблеми до 2. коло на УС Опен

Првата носителка Ига Швјонтек и Белорусинката Викторија Азаренка без никакви проблеми се пласираа во 2. коло на УС Опен.

Азаренка во првото коло славеше со 2-0 против Фиона Феро од Франција, по сетови 6-1, 6-2, а убедлив триумф забележа полската тенисерка Швјонтек.

Швјонтек со 2-0 славеше над Ребека Петерсон од Шведска, по сетови 6-0, 6-1.

Се вчитува...