Швјонтек од 1-5 до убедлив триумф на УС Опен

Ига Швјонтек се пласираше во осминафиналето на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС Опен совладувајќи ја Ана Калинскаја со 2-0 и тоа во импресивен натпревар во кој полската тенисерка губеше со 5-1 во гемови во првиот сет.

Швјонтек не дозволи изненадување, до крајот на првиот сет одигра фантастично, направи целосен пресврт и го доби првиот сет со 7-6(7-2), а потоа продолжи со доминантната игра за која Русинката немаше одговор.

Во осминафиналето полската тенисерка ја очекува нов руски предизвик во името на Екатерина Александрова.

Се вчитува...