Швјонтек преку Свитолина до четвртфинале во Мајами

Една од најдобрите тенисерки во светот, Ига Швјонтек се пласираше во четвртфиналето на ВТА мастерсот во Мајами.

Полјачката во осминафиналето беше подобра од украинската тенисерка, Елина Свитолина со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.

Во четвртфиналето Швјонтек за противничка ќе ја има филипинската сензација Александра Еала која без борба стигна до оваа фаза откако во осминафиналето Паула Бадоса мораше да предаде.

Се вчитува...