Швјонтек прва во финалето на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во ново финале на Ролан Гарос, откако во полуфиналето ја совлада Коко Гауф со 6-2, 5-4.

На теренот Ига покажа дека заслужено ја има улогата на фаворитка за освојување на пехарот. Не можеше никоја да и парира на Полјакината, па ниту американската тенисерка, но имаше само моменти кога беше рамноправна и подобра од својата противничка.

Швјонтек во финалето ќе игра со подобрата од дуелот Паолини – Андреева, средба која е во тек.

Се вчитува...