Швјонтек рутински до полуфинале во Мадрид

Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек рутински стигна до полуфинале на турнирот во Мадрид, откако вечерва во четвртфиналниот дуел славеше над Хрватката, Петра Матриќ со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-3.

Швјонтек во полуфиналето за противничка ќе ја има Русинката, Вероника Кудерметова која порано денеска во првото полуфинале славеше над Американката, Џесика Пегула со 2-1, по сетови 6-4, 0-6 и 6-4.

Во второто полуфинале се среќаваат Арина Сабалјенка од Белорусија и Гркинката Марија Сакари.

Се вчитува...