Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек успешно го стартуваше настапот на Летните олимписки игри во Париз, откако во воведното коло на терените на Ролан Гарос славеше над романската тенисерка, Ирина Камелија Бегу со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-5.
Иако, Швјонтек најчесто доминира на мечевите одиграни во главниот град на Франција, сепак тоа не беше така и на денешниот меч каде романската тенисерка пружи неочекувано силен отпор.
Поради проблемите со дождот кој врнеше и вчера во текот на отворањето на игрите, досега одигран е само уште еден меч во кој финалистката од Ролан Гарос и Вимблдон, Јасмин Паолини славеше исто така со 2-0 (7-5 и 6-3), против уште една Романка, Ана Богдан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА