Швјонтек се „прошета“ до 1/4 финалето, Самсонова со успех на кариерата

Полската тенисерка Ига Шојнтек се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Таа ја победи Клара Тоусон од Данска со 6-4, 6-1 во сетови. 

Тоусон направи два брејка во првиот сет, но Швојнтек успеа да направи пресврт. Полската тенисерка убедливо победи во вториот сет, повторувајќи го својот најдобар резултат на Вимблдон, откако беше меѓу осумте најдобри и во 2023 година.

Русинката Људмила Самсонова се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа од 2-0 над шпанската тенисерка Џесика Бузас Манеиро, со 7-5, 7-5 за еден час и 44 минути, со што ова беше најголем успех во кариерата на Самсонова. 

Претходно во текот на денот, Белинда Бенчиќ исто така се пласираше во четвртфиналето, победувајќи ја Екатерина Александрова со 7:6 (7:4), 6:4. Нејзин следен противник ќе биде победничката од натпреварот помеѓу Русинката Мира Андреева и Американката Ема Наваро.
Швјонтек и Самсонова ќе се сретнат меѓусебно во 1/4 финалето, Андреева ќе игра против Бенчиќ, Анисимова против Пављученкова и Сабаленка ќе се сретне со Зигемунд.

Се вчитува...