Неверојатната полска тенисерка Ига Швјонтек стигна до својата прва титула на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.
Полјачката во финалето буквално ја прегазиа американската тенисерка Аманда Анисимова не дозволувајќи и ниту еден гем на централниот терен 6-0, 6-0 за нешто помалку од еден час игра во „Ол ингланд“ клубот.
По мечот таа изјави дека тоа што го направила е надреално.
„Искрено, сè уште не знам што се случи, се изгледа надреално. Морам да и честитам на Аманда за одличните две недели, без оглед на играта денеска. Се надевам дека ќе играме уште многу финалиња овде“, изјави Швонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

