Една од најдобрите тенисерки на денешницата Ига Швојнтек е прва полуфиналистка на ВТА мастерс 1000 турнир во Синсинати.
Полјачката до полуфиналето на турнирот во Охајо стигна со сигурна победа над Русинката Ана Калинскаја со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
Во полуфиналето Швјонтек ја чека подобрата од дуелот меѓу првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и Казахстанката Елена Рибакина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

