Швјонтек: Треба да им се забрани на Русите и Белорусите да играат на турнирите

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек смета дека тенискиот свет згрешил што не им забранил на тенисерите од Русија и Белорусија да играат.

Полјачката во интервју за Би-Би-Си објаснила зошто е на тоа мислење, а наведе и пример како по Втората светска војна на учесниците од Германија и Јапонија одредено време им било забрането да играат.

„После Втората светска војна на Германците не им беше дозволено да играат, ниту на Јапонците и Италијанците, мислам дека таквиот потег ќе докаже дека руската влада греши. Ние сме спортисти, мал дел од светот, но спортот е многу важен и отсекогаш биле користени за пропаганда. Од почетокот тенисот мораше да им покаже на сите малку повеќе дека тенисерите се против војната. Тенисот не одеше така и сега би било сосема неправедно кон Русите и Белорусите да направат нешто како тоа, бидејќи таа одлука требаше да биде донесена пред една година“, вели Швјонтек.

Се вчитува...