Швјонтек триумфално стартуваше на турнирот во Монтреал

Најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек со победа го стартуваше походот кон титулата на турнирот во канадски Монтреал.

Во второто коло на канадскиот мастерс Полјачката славеше над чешката тенисерка и минатогодишна финалистка Каролина Плишкова со 2-0, по сетови 7-6 и 6-2.

Во осминафиналето Швјонтек за противник ќе ја има подобрата од дуелот меѓу финалистката од Ролан Гарос Каролина Мухова, и Романката Сорана Кирстеа.

Се вчитува...