Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во третото коло на Австралија Опен, победувајќи ја Марија Бузкова од Чешка со 6-2, 6-3.
Ова е нејзино 24-то едноподруго трето коло на Грендслем турнирите.
Во следното коло Швјонтек ја чека Русинката Ана Калинскаја (31-ва на ВТА), која ја победи Австријката Јулија Габер со 6-3, 6-3.
Но, мечот го одбележа еден многу необичен и контроверзен момент во првиот сет. При резултат 4-2 за Швјонтек, по кратка размена, топката падна во близина на мрежата и двете тенисерки се стрчаа кон мрежата за да стигнат до неа.
Бузкова го удри топкчето едвај допирајќи ја мрежата, а Швјонтек одеднаш се помести настрана во исто време, што создаде чудна и ретко видена ситуација на теренот. Бузкова посочи дека движењето на Швјонтек претставува „пречка“ – правило во тенисот кое се применува кога однесувањето на играчот го одвлекува или деконцентрира противникот за време на поенот.
И покрај реакцијата на Бузкова и чудната ситуацијата, судијата не досуди ‘прекршок’ на противничката, а натпреварот продолжи без никаква казна за Швјонтек.
This is literally hindrance, Swiatek needs a second ban for cheating #AusOpen2026 pic.twitter.com/QJ3pn1aMm9
— Nemo Down Under 🦘 (@nemoserves) January 22, 2026
Слични ситуации речиси никогаш не се санкционираат, освен ако судијата не процени дека имало јасна и намерна намера да се наруши противникот, што не беше случај овде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

