Швјонтек за 1 час ја „збриша“ противничката за 1/4 финале на АО

Полската тенисерка и една од најголемите фаворити за освојување на женскиот Австралија Опен Ига Швјонтек, без проблеми се пласираше во 1/4 финалето во Мелбурн, откако со 2-0 ја совлада својата противничка, германската тенисерка Ева Лис.

Полјачката првиот сет го доби без загубен гем 6-0, додека во вториот и дозволи на Лис да добие само еден гем. Мечот траеше точно еден час.

Со тоа комплетирани се 1/4 финалните двојки на Австралија Опен:

Сабаленка – Пављученкова

Гауф – Бадоса

Кејс – Свитолина

Наваро – Швјонтек

Се вчитува...