Швјонтек загуби сет, но стигна до осминафинале на Австралија опен

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Полјачката Ига Швјонтек успешно го продолжува својот поход кон титулата на единствениот гранд-слем кој и недостига во богатата кариера, Австралија опен.

Таа во третото коло на турнирот во Мелбурн славеше во три сета против руската тенисерка Ана Калинскаја со 2-1, по сетови 6-1, 1-6 и 6-1. Во осминафиналето Швјонтек за противник ќе ја има домашната тенисерка Медисон Инглис.

Пласман во осминафиналето обезбеди и кинеската тенисерка Шинју Ванг.

Се вчитува...