Фудбалерите на Украина беа запрени на последниот чекор пред пласман на Мундијалот во Катар, откако претходно ја елиминираа Шкотска во полуфиналето на баражот.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 34. минута кога по ударот на Герет Бејл од слободен удар топката ја зафати Јармоленко кој си постигна автогол кој на крајот се покажа како доволен за победа на Велшаните од 1-0. Сепак, Украинците сметаат дека се ограбени и дека имало прекршок за пенал во претходна акција.
Украинците го обвинуваат шпанскиот судија затоа што не досудил пенал за Украина на крајот на полувремето, кога Јармоленко се избори за топката со Џо Ален и падна во казнениот простор.
Шпанецот беше во комуникација со ВАР-собата, по што реши да не покаже на белата точка, а Украинците сметаат дека тука биле ограбени и не го признаваат поразот од Велс, кој по 64 години ќе заигра на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА