Раководството на Интер веќе сериозно работи на составување на тимот за наредната сезона, а еден од приоритетите ќе биде засилување на навалната линија на „нероаѕурите“.
Тренерот Инзаги и клупските директори се презадоволни од стартерите Лаутаро Мартинез и Маркус Турам, но истото не може да се каже и за Алексис Санчез и Марко Арнаутовиќ. Овие двајца требаше како поискусни да бидат значајни адути од клупата, но и чилеанскиот и австрискиот напаѓач се далеку од посакуваната форма, поради што на крајот од сезонава ќе си заминат од „Џузепе Меаца“.
На нивно место ќе пристигнат двајца нови напаѓачи, од кои едниот трансфер е веќе договорен. Иранецот Тареми ќе пристигне како слободен играч од Порто и ќе потпише тригодишен договор со „нероаѕурите“, кои ја продолжуваат традицијата да донесат квалитетни играчи без никаква отштета.
За вториот напаѓач сепак ќе треба да се плати. Алберт Гудмундсон игра во топ-форма во дресот на Џенова, понуди за неговите услуги испратиле неколку клубови, но според италијанскиот медиуми исландскиот голгетер го избрал Интер за своја следна дестинација во кариерата. Проблем е што Џенова бара 30 милиони евра за овој фудбалер, но челниците на Интер планираат да ја намалат оваа сума испраќајќи еден од помладите фудбалери во спротивна насока (Еспозито или Заноти).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА