Си оди ли Ван Дајк од Ливерпул по стапките на Клоп?

Заминувањето на Јирген Клоп на крајот од сезонава значеше и „земјотрес“ на „Енфилд Роуд“, бидејќи заедно со германскиот стратег си заминува и неговиот целокупен стручен штаб, а лесно може да се случи да си отидат и дел од клучните фудбалери.

Веќе е најавено дека Мохамед Салах би можел да биде продаден летово бидејќи ќе биде на една година на истек од актуелниот договор, па Ливерпул нема да може да си дозволи да одбие богата понуда како минатото лето од Саудиска Арабија. Сепак, фановите се уште позагрижени откако и капитенот Вирџил ван Дајк најави дека би можел да ги следи стапките на Клоп и летово да си замине од „Енфилд“.

Тој исто како и Салах има договор до јуни 2025, а по најновиот развој на настаните не е најсигурен околу продолжување на соработката со „црвените“.

„Дали ќе останам? Тоа е тешко прашање на кое немам одговор.Ќе следи нова ера, бидејќи ќе си замине не само тренерот, туку и сите луѓе кои работеа со него. Предизвикот сите тие да бидат достојно заменети е огромен, па и самиот едвај чекам да видам во кој правец ќе се движи клубот. Искрено, чекам да видам како ќе се одвива ситуацијата, во моментов не можам да кажам ништо поконкретно“, изјави Ван Дајк за „Тајмс“.

Се вчитува...