Јам Мадар секое лето ги менува клупските бои, а трендот продолжува и годинава откако 23-годишниот плејмејкер денеска потпиша договор со екипата на Баерн Минхен.
Израелецот имаше сезона за паметење во дресот на Партизан, но потоа изненади многумина со одлуката да ги напушти „црно-белите“ и да потпише за Фенербахче. Младиот плејмејкер имаше катастрофална минутажа по доаѓањето на Јасикевичиус на тренерската позиција, па иако имаше договор со турскиот истиот беше раскинат откако литванскиот стратег јасно стави до знаење дека не смета на услугите на Јадар.
Тој имаше неколку понуди да се врати назад во Израел, но на крајот сепак реши да потпише за Баерн, каде ќе биде трето засилување за баварскиот гигант по Оскар да Силва од Барселона и Кевин Јебо од Кемниц.
Останува да се види кој тренер ќе го води Баерн Минхен во новата евролигашка сезона, откако Пабло Ласо го напушти кормилото и се врати назад во Шпанија потпишувајќи договор со Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА