Си замина од Полска за да го води Фламенго, а сега доби отказ

Бразилскиот клуб Фламенго му врачи отказ на португалскиот тренер Пауло Соуса само шест месеци откако беше назначен на кормилото. Соуса се приклучи на Фламенго по многу контроверзии претходно, откако неочекувано го напушти селекторското место на Полска непосредно пред баражите за пласман на Мундијалот во Катар. Тоа предизвика големо разочарување кај полската јавност и кај фудбалерите.

Полска сакаше да го задржи, меѓутоа Соуса имаше некои други планови. Така си замина од кормилото, и ги шокираше сите. Роберт Левандовски тогаш кажа дека е „шокиран и разочаран“ од потегот на Португалецот.

Фламенго се реши да му врачи отказ откако клубот се најде на 14. место на табелата и има разочарувачка сезона.

Во минатото Соуса беше тренер на Бордо, Тианџин, Фиорентина, Базел, Макаби Тел Авив, Видеотон, а кратко беше и во Лестер, Свонси, КПР. Тој во минатото беше фудбалер на неколку големи клубови како Јувентус, Борусија Дортмунд и Интер. Најголемите успеси ги постигна од 1995 до 1997 кога два пати го подигна трофејот во Лигата на шампионите, еднаш со Јувентус и еднаш со Борусија Дортмунд.

Се вчитува...