„Си зедов пуканки и седнав да гледам како се распаѓа АБА-лигата, но…“

Бројни се реакциите на регионалната кошаркарска јавност по извонредната финална серија во АБА-лигата во која Партизан по десет години дојде до трофејот.

Сепак, се чини најинтересна констатација има поранешниот хрватски селектор Александар Петровиќ и тоа како одговор на насловот на хрватскиот спортски весник „Спортске новости“ пред финалната серија каде во најавата напишаа:

„Завршен чин на српската пресметка: Земете си пуканки, седнете удобно во фотеља и гледајте како се распаѓа АБА лигата“.

И, по пет интересни меча во 10 дена, одлична кошарка и рекордни посети, и освена титула на Партизан по десет години, Александар Петровиќ реагираше преку социјалните мрежи:

„По препорака на еден хрватски новинар, си зедов пуканки како би го гледат распадот на АБА лигата. Тоа не дочекав, но видов добра кошарка, коректно судење, полни сали. Таа лига треба навистина квалитетно да се доработи, да се направи договор со сите кошаркарски сојузи чии клубови играат во неа!“ – напиша Петровиќ.

Се вчитува...