Последниот ден од преодниот рок во Италија донесе возбудувања и за Горан Пандев, откако австралискиот прволигаш Сиднеј вандерерс покажа сериозен интерес за да го доведе капитенот на македонската репрезентација во своите редови.
Со оглед на фактот дека не е најстандарден во Џенова, неговиот сегашен клуб размислуваше да ја прифати понудата, додека на Пандев според италијанските медиуми му бил понуден двогодишен договор под интересни услови. Трансферот бил близу до реализација, но потоа се пднало во вода откако Фудбалската Асоцијација на Австралија ги блокирала преговорите поради евентуалното надминување на „селари капот“ на тимот од Сиднеј доколку Пандев се преселеше на овој далечен континент.
По ова, јасно е дека македонскиот ас ќе остане во Џенова до истекот на договорот, на крајот од оваа сезона. Горан Пандев дојде во Џенова по неуспешната авантура во Галатасарај. Македонецот постигна неколку погодоци во рамките од Купот на Италија, но се уште е без гол кога станува збор за настапите во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА