Сидорф шокираше: Никого не тренирам затоа што сум црнец

Поранешниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф, се пожали дека тренерите со темна кожа се дискриминирани во светот на фудбалот и дека ретко имаат можност да водат и тренираат клуб. Легендарниот фудбалер на Ајакс, Интер, Реал Мадрид и Милан, во моментов е без никаков ангажман, па тој се пожали дека немало ниту понуди, ниту работа за луѓето како него.

Сидорф потенцираше дека луѓето со темна кожа и понатаму се проблем во светот на фудбалот.

“Нема еднаквост на можностите меѓу тренерите. Бројките зборуваат сами за себе. Нема тренер со темна кожа на силна позиција во денешниот фудбал”, изјави Кларенс.

Тој потсети дека од истата причина, поранешните играчи на Арсенал, Патрик Виеира и Тиери Анри, останаа лишени од големите достигнувања во тренерскиот свет. Човекот, кој запиша 87 настапи за холандската репрезентација, започна да тренерска кариера во 2014 година во Милан, клубот во кој се прослави како фудбалер.

Сидорф беше менаџер на Сан Сиро само пет месеци, а потоа се испроба во Кина, Депортиво од Ла Коруња, а потоа и во репрезентацијата на Камерун.

“Ги прифатив тие понуди за да докажам дека вредам. Ризикував затоа што немаше многу понуди. Знаеме зошто. Секој, особено луѓето на позициите, треба да знаат како да формираат свет заснован на способности. Вратата мора да биде отворена за секого. Разновидноста може да донесе најдобри резултати”, заклучи Сидорф, кој чекаше работа од јули 2019 година“, заклучи Сидорф.

Се вчитува...