Сиетл Суперсоник се враќа во НБА!

НБА се подготвува да го направи својот прв голем чекор кон проширување. аСпоред информациите објавени од ESPN, следната недела на состанокот на одборот на сопственици ќе се одржи гласање за започнување на процесот за доделување нови франшизи во Лас Вегас и Сиетл.

Планот е двата нови клуба да започнат со натпреварување во сезоната 2028/2029, што би ја довело НБА лигата до вкупно 32 тима.

Претстојното гласање претставува прв од неколкуте клучни чекори кон проширување. Доколку биде одобрено, НБА ќе започне формален процес на наддавање за франшизи во Лас Вегас и Сиетл.

Подоцна во годината, може да има конечно гласање кое официјално би го проширило бројот на тимови на 32.

За да се донесе одлука, потребни се најмалку 23 гласа од вкупно 30 сопственици на клубови.

Се вчитува...