Сиетл Суперсоникс се враќаат во НБА лигата!

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, во неколку наврати изјави дека е можно наскоро лигата да добие проширување. По пишувањето на американските медиуми, Сиетл би можел да добие едно од новите две места во лигата. Градоначалничката на Сиетл, Џени Деркан веќе почнала преговори со Силвер по кои вели дека шансите нејзиниот град повторно да добие франшиза во најсилното кошаркарско првнество се огромни.

„Ако се најде разумно решение поштоворно ќе ги имаме Соникс во најголемиот град на државата Вашингтон. Голем оптимист сум околу тоа“, изјави Деркан. 

Името „Суперсоникс“ логото и боите на тимот му стојат на располагање на секој што ќе сака да отвори франшиза во Сиетл. Популарните Соникс во Сиетл живееја до 2008 година кога клубот се префрли во Оклахома, каде стана Тандер. Сиетл Суперсоникс се шампиони од 1979 година.

Се вчитува...