Македонската ракометна репрезентација во следниот период, низ финалните подготовки за настапот на Светското првенство, ја очекува и пријателскиот натпревар со домаќинот Хрватска.
Селекторот на Хрватите, Дагур Сигурдсон вели дека тестот со Македонија ќе биде добредојден за финално склопување на „коцките“ пред шампионатот.
„Не очекуваат два подготвителни натпревари со Македонија и Словенија. Нашата главна цел е да се подготвиме што е можно подобро. На играчите им е потребна поддршка. Овие два теста против квалитетни селекции навистина добро ќе ни дојдат за темпирање на формата. Иако можеби не сме најголеми фаворити на првенството, може да одиграме одлично, доколку има синергија меѓу играчите и навивачите“ – вели Сигурдсон.
Хрватите за СП нема да може да сметаат на голманот Мандиќ, а претходно од списокот отпаднаа и Мославац, Гавриќ и Вистороп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА