Легендарниот австралиски тенисер, Лејтон Хјуит истакнува дека Новак Ѓоковиќ има реални шанси да триумфира на Ролан Гарос годинава. Српскиот тенисер во неделата го освои осмиот трофеј на Австралија опен, откако во големото финале го победи Австриецот, Доминик Тим со што стигна до 17. грен-слем турнир во кариерата.
„Апсолутно сум сигурен дека Новак може да триумфира во Париз. Одлично се движи на земја, триумфираше веќе на Ролан Гарос и буквално е многу тешко да го добиеш во меч во три добиени сета. Затоа мора да биде фаворит за освојување на трофејот“, изјави Хјуит.
Србинот од седумнаесетте титули, само една ја освои во Париз и тоа во 2016 година кога во големото финале го совлада Стен Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

