Легендарната тенисерка Мартина Навратилова се сомнева дека Новак Ѓоковиќ уште долго ќе ја продолжи својата кариера.
Таа не верува дека ќе продолжи да игра следната година, компарирајќи со тоа кога таа на свои 38 години ја заврши кариерата.
„Освои се што може да се освои, па и тој златен олимписки медал. Но, очигледно сега ја сака таа 25. грандслем титула за да ја надмине и Маргарет Корт. Но, и времето го гази. Факт е дека не може да издржи телото во тој напорен ритам. Сигурна сум дека и неговата сопруга му вели: ‘Доста е, време е да престане, уште колку сакаме од ова’“ – вели Навратилова.
Убедена е дека без разлика што и да се случи во иднина ништо веќе не може да ја засени големината на Новак Ѓоковиќ кој е најголемиот во историјата.
„Апсолутно ништо не може да го засени постигнатото досега. Тој е неизмерно добар. Ќе видиме уште колку ќе продолжи. Се зависи од тоа колку силно гори огнот во него. Можеби мисли, само уште еден. Но, ако го освои Австралија опен, дефинитивно ќе сака да игра на Ролан Гарос и Вимблдон. Нема само да престане. На него е да одлучи. Во секој случај, не можете да го критикувате ако продолжи да игра затоа што имаше фантастична кариера“ – вели Навратилова, која последниот грандслем го освои четири години пред да се пензионира. Ѓоковиќ, пак, се уште освојува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

