„Сигурно се сеќавате на легендарната…“ – Оксана Бајул „грдото пајче“ кое прерасна во најубавиот лебед

Оксана Серхивна Бајул-Фарина (родена на 16 ноември 1977 година) е украинска пензионирана натпреварувачка во уметничко лизгање. Таа е Светска шампионка од 1993 година и олимписка шампионка од 1994 година.

Бајул е првата и единствена лизгачка што освоила златен медал за Украина на Зимските олимписки игри. Таа е и првата олимписка шампионка на независна Украина во кој било спорт. Откако го освои златниот медал во 1994 година, одлучи да замине на турнеја во САД. Беше вклучена и во различни ТВ настапи, по лекувањето од зависност од алкохол. Таа живее во САД од 1994 година.

Нејзиниот златен медал на ЛОИ во Лилехамер 1994 е еден од најлегендарните настапи во уметничко лизгање, а токму натпреварите во женска конкуренција на тие игри се едни од најгледаните во историјата на ЗОИ, поради целиот скандал поврзан со американските натпреварувачки Ненси Кериган и Тоња Хардинг.

Токму по освојувањето на златниот медал во Лилехамер за неа беше снимен и филм во Холивуд со наслов „A Promise Kept: The Oksana Baiul Story“.

 

Се вчитува...