Џони Вајсмилер (роден како: Јанос Вајсмилер 2 јуни 1904 – 20 јануари 1984) бил еден од најдобрите пливачи во XX век. Вајсмилер имаше одлична пливачка кариера. Има освоено пет олимписки златни медали и еден бронзен. Триумфирал 52 пати на американските национални натпревари и има поставено 67 светски рекорди. По пливачката кариера, станува шестиот глумец кој го глуми Тарзан и е најпознатиот актер кој го глумел овој лик.
Првиот филм на Вајсмилер беше улогата на Адам филмот „Гларификација на американската девојка“. Тој се појави облечен само во лист од смоква додека на рамениците ја креваше актерката Мери Итон. По тој филм беше забележан од Сирил Хјум, што доведе до неговата најголема улога, играјќи го Тарзан во „Човекот мајмун Тарзан“ во 1932 година.
Кога беше замолен да го игра Тарзан, Вајсмилер веќе беше под договор со брендот за долна облека BVD. МГМ се согласи актерките како Грета Гарбо и Мари Дреслер да бидат вклучени во рекламите за БВД за да може да биде ослободен од неговиот договор. Авторот на Тарзан, Едгар Рајс Бароуз, беше задоволен од Вајсмилер, иако толку го мразеше прикажувањето на Тарзан од студиото како поединец кој едвај зборува англиски.
За неговиот придонес во филмската индустрија, Џони Вајсмилер има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 1967 година тој беше на насловната страница на албумот „Lonely Hearts Club Band“ на Битлс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА