Мати Енсио Никенен (17 јули 1963 – 4 февруари 2019 година) беше фински ски скокач кој се натпреваруваше од 1981 до 1991 година. Освои пет медали на Зимските олимписки игри (четири златни), девет медали од Светските првенства (пет златни) и 22 медали од Финскиот шампионат (14 златни). Најголемиот успех го имаше на Зимските олимписки игри 1988 во Калгари кога освои три златни медали, со што беше, заедно со Холанѓанката Ивон ван Генип од Холандија, спортист со најмногу медали на тие игри.
Никанен е единствениот ски-скокач во историјата кој ги освоил сите пет од главните настани во спортот: златен медал на Зимските олимписки игри (три пати), Светското првенство во ски скокови (еднаш), Светското првенство во скијачки летање (еднаш), четири титули во Светскиот куп и новогодишната турнеја „Четири скокалници“ (двапати). Со четирите титули во Светскиот куп исто така е на делба на првата позиција со Адам Малиш.
Од 1990-тите па наваму, статусот на Никанен како славна личност главно беше поттикнат од неговите лични односи, неговата кариера како поп-пејач и разни инциденти често поврзани со тешка употреба на алкохол и насилничко однесување. Тој беше осуден на 26 месеци затвор по инцидентот со нож во 2004 година, и повторно на 16 месеци по тешкиот напад на неговата сопруга во 2009 година.
Мати Никанен почина во својот дом во Лапеенранта, кратко по полноќ на 4 февруари 2019 година, од ненадејна болест, на 55-годишна возраст. Тој се пожали на вртоглавица и гадење претходно таа вечер. Три месеци пред смртта му беше дијагностициран дијабетес. Веста за неговата смрт беше пренесена од медиумите во целиот свет. Тој ја остави својата петта сопруга и три деца од претходните бракови. Во мај 2019 година, сестрите на Никанен потврдија дека причина за смртта се панкреатитис и пневмонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА