Никола Карабатиќ не само што ги надмина проблемите со повредата што го мачеше подолго време, туку и многу побрзо од лекарските прогнози се рехабилитираше од хируршкиот зафат. Најавите за негов камбек беа за првиот дел од март, но според последните информации Карабатиќ веќе е подготвен за да настапува за Франција, почнувајќи од средината од првата фаза од овој Мундијал.
Весникот „Паризиен“ прв ја објави веста дека одлуката е донесена, а селекторот Динар во текот на вчерашниот ден им ја пренел и на репрезентативците – Никола денеска пристигнува во Берлин, а по првите тренинзи со „триколорите“ ќе биде одлучено дали тој веднаш ќе биде вклучен во составот или ќе се почекаат уште неколку дена додека не влезе во топ-форма.
Французите ионака важеа за фаворити во битката за медали на овој шампионат, а со враќањето на Карабатиќ „триколорите“ добиваат уште еден голем адут во борбата за ново мундијалско злато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА