Тешко им падна поразот во Битола на ракометарите на Пик Сегед, кои сега се решени да се реваншираат со иста мера на реваншот што е на програмата утревечер.
Бенџамин Силаги, еден од унгарските репрезентативци во редовите на Пик Сегед, не крие дека сите во овој тим се максимално мотивирани да стигнат до триумф за што подобар пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
„Никој не треба да се сомнева во тоа со какви мотиви ќе влеземе. Разочаравме на последниот меч, но можеме да ветиме една работа и ова не се само празни зборови – ќе дадеме се од себе во текот на сите 60 минути. Ја имавме победата во свои раце во Битола, не успеавме да ја задржиме, но тоа беше голема лекција за нашиот тим. Пелистер е многу цврста екипа, се брани на граница на сериозна грубост, така што мораме да бидеме подготвени. Одбраната не ни беше проблем во Битола, но ќе мораме да бидеме многу подобри во нашите напади. Мораме да почнеме силно, од самиот почеток да му ставиме на знаење на Пелистер дека нема што да бара во нашата сала“, истакна Силаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

